Зошто црвеното вино е добро за вашето срце?
Со секое славење и празнување може да се искомбинираат доброто расположение и доброто здравје и задоволството што ни го овозможува чашата квалитетно, црвено вино.
Историја
Уште одамна постојат податоци за бенефитот од консумирањето на црвеното вино, како и за неговото значење и употреба низ вековите. Црвеното вино има долга историја на употреба во медицината, почнувајќи од времето на Хипократ кој го користел како основен лек за многу заболувања, како антисептик при лекување на рани, до периодите кога виното се консумирало наместо вода. Иако одреден период биле потенцирани негативните последици од виното врз здравјето на човекот, сето тоа било заборавено во времето на т.н. ФРАНЦУСКИ ПАРАДОКС. Во 90-тите години на минатиот век биле направени голем број испитувања со кои се докажала прадоксална поврзаност помеѓу високиот внес на масти со ниска инциденца на појава на кардиоваскуларни заболувања кај Французите, наспроти Американците и Британците, кои исто така внесуваат големи количини на масти, но имаат и голем ризик за појава на болести на срцето. Овој факт се припишува на консумацијата на црвено вино со секој главен оброк, што претставува традиција за Французите.

Антиоксиданси
Антиоксидантното дејство е едно од најголемите бенефити на виното врз здарвјето на човекот. Антиоксидансите се молекуларни компоненти кои ги обновуваат оштетените клетки од организмот. Истражувањата докажаа дека токму овие супстанци го намалуваат ризикот од појава на многу заболувања, меѓу кои како најважно е нивното дејство врз превенцијата на кардиоваскуларните заболувања и дијабетот.
Ресвератрол
Спаѓа во групата на феноли и претставува најиспитувана хемиска компонента во црвеното вино, најмногу заради неговите позитивни ефекти во спречување на оштетувањата на крвните садови, намалување на штетниот холестерол и спречување на згрутчувањето на крвта со што значајно се намалува ризикот од срцеви заболувања. Ресвератролот во најголема концентрација е застапен во лушпата на грозјето и за максимално да се почувствуваат позитивните ефекти, се препорачува црвеното вино да се пие полека, капка по капка, бидејќи така апсорбцијата во устата е максимална и концентрацијата на оваа супстанца во крвта се зголемува за 100 пати.
Присуството на танинот во црвеното вино придонесува тоа да биде многу корисно за кардиоваскуларниот систем, но се разбира доколку се пие во умерени количини. Испитувањата за продукцијата и консумирањето на црвено вино покажаа дека танините, кои се наоѓаат во форма на проантоцијанидини, својот позитивен ефект врз васкуларниот систем го реализираат преку намалена продукција на пептиди кои се одговорни за оштетување на артериите. Танините во виното имаат силни антиоксидативни својства што овозможува значајно намалување на морталитетот и ризикот од појава на срцеви заболувања.

Кои се здравствените бенефити од консумирање црвено вино?
Главните бенефити од умереното консумирање на црвено вино врз здравјето на срцето се поврзани со неговиот ефект врз атеросклерозата и акумулацијата на масни наслаги во крвните садови, посебно во коронарните садови кои го хранат истото.
Испитувањата докажале дека основните промени кои се должат на умерено консумирање на црвеното вино се:
- Намалување на продукцијата на ЛДЛ холестерол (познат како лош холестерол);
- Зголемување на продукцијата на ХДЛ холестерол (познат како добар
холестерол);
- Намалување на можноста за згрутчување на крвта, со што се спречува
опструкција на крвните садови.
Алкохолот во црвеното вино има антикоагулантно дејство, што овозможува намалено згрутчување на крвта, а со тоа ја редуцира можноста за формирање на наслаги кои би го намалиле или спречиле протокот на крв во крвните садови кои го хранат срцето. Но, овие антикоагулантни дејства во системот се активни само 24 часа после консумацијата на вино. Алкохолот, заедно со антиоксидансите од црвеното вино, ја овозможува заштитата на срцето и крвните садови и преку фаворизирање на формирањето на азотен оксид (NO), кој претставува клучна хемиска супстанца во регулацијата на мускулниот тонус на крвните садови. NO овозможува заштита од васкуларно оштетување, го инхибира слепувањето на воспалителните клетки на ѕидовите на крвните садови и ја лимитира активацијата на тромбоцитите, кои се одговорни за згрутчување на крвта.
Една до две чаши црвено вино на ден се покажало дека го зголемува нивото на добриот ХДЛ холестерол за околу 12%, што овозможува намалување на штетниот ЛДЛ холестерол и на супстанците кои ја зголемуват можноста за формирање на плаки во крвните садови.
Антикоагулантното и антитромботичкото дејсво на алкохолот и антиоксидансите играат важна улога и во фазата по формирање и руптура на плака во крвниот сад, намалувајќи го ризикот од масивен срцев или мозочен удар и смрт.

Колкава количина на црвено вино ни е доволна?
Направени се многу испитувања кои го докажуваат позитивното дејство на црвеното вино кога се пие умерено. Но, линијата помеѓу умерено и ризично внесување на алкохол е многу тенка, затоа мора одговорно и внимателно да го консумираме. Умереното консумирање се дефинира како просек од две чаши за мажи или само една чаша за жени дневно. Луѓето кои не консумираат црвено вино, не треба да почнат само за да го зашитат кардиоваскуларниот систем. Голема количина на алкохол се покажа дека овозможува драстично зголемување на можноста за пореметување на функцијата на кардиоваскуларниот систем преку зголемување на ризикот од појава на покачен крвен притисок, покачени триглицериди, како и појава на кардиомиопатија, т.е. ослабување и проширување на срцевиот мускул, а со тоа и намалување на срцевата функција.
Текстот е превземен од: http://doktori.mk