Правилно послужено вино, поголемо уживање во него.
Соодветната температура на служење на виното ќе го подобри неговиот вкус и мирис. Претерано изладеното вино ги губи своите ароми и вкус, а недоволно оладеното вино е непријатно за пиење, пред сè поради прекумерното испарување на алкохолот кој ги покрива сите мириси и ги менува карактеристиките на виното.
Белите вина секогаш се служат разладени, додека црвените вина се служат на собна температура не повисока од 20°C, а според други 20-25 °C . Послатките вина се служат поизладени.
Најдобро е да се практикува следното:

Препорачливо е чашата да се држи за вратот (дршката) а не за телото. Затоа што е естетски поубаво и поелегантно, а од практична страна, тој што пие не си го засолнува погледот на виното и не го грее со своите раце.
При ставањето на виното во чаша, треба да се внимава чашата да не се преполни. Најдобро е да се стави вино 1/3 од чашата, затоа што на тој начин има доволно простор за провртување на виното во чашата, со што се ослободуваат и интензивираат аромите.

Виното најчесто се послужува директно од шишето во чаша. Белите вина можат да се пијат веднаш по отварањето на шишето, додека кај црвените вина потребно е шишето да стои отворено најмалку саат време, да “продише“, затоа што во контакт со воздухот, после одредено време виното ги ослободува своите мириси и го добива својот полн вкус.
Виното се служи во соодветни чаши изработени од тенко, чисто стакло, јасно да се види бојата на виното. Црвеното вино се служи во поширока чаша во форма на лале. Белото вино се служи во чаша која е благо затворена кон врвот. Пенливото вино се служи во високи и тесни чаши кои овозможуваат да се развијат меурчињата од пенливото вино.
Важно: По отварањето на шишето добро да се прегледа и помириса затварачот да не е мувлосан. Доколку затварачот е мувлосан виното не е за пиење.