Што кажал уште народот за виното
„ Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело.“
„ Виното го прајт човека и везир и резил.“
„Виното и ракијата немет нозе, ама по нозе мавет.“
„Виното и умниот го збудалвит (го побудалвит).“
„Виното треба да е свое и старо, а жената туѓа и млада“.
„Во фетви мевој младо вино не се турва“.
„Виното не седи во глата мирно како во шишето “.
„Господ ја создаде водата, чоекот виното.“
„Убавото вино се пие со добри пријатели“.
„Виното е поезија во шише“.
„Во шише вино има повеќе филозофија, отколку во сите книги на светот.“
„Кога ќе влезе виното, излегува тајната“.
„Виното и песната лек за душата.“
„Виното ги отвара сите прозорци во главата за да може паметот да одлета“.