ОД ШТО ЗАВИСИ ВКУСОТ НА ВИНОТО?
Вкусот на виното го создаваат повеќе фактори, а основни компоненти кои влијаат на вкусот на виното се:
- танинот: тоа е силна супстанција која ја содржат кожата и семките, а го има и во чајот. Тој
е природен конзерванс, кој овозможува виното да стои 10, па и 20 години
- алкохолот: виното од ладните краеви има околу 7%, а тоа од топлите краеви и до 14%
алкохол-на здравје
- шеќерот: вината со малку шеќер се суви, со нешто повеќе се полусуви, а третата
категорија се слатките вина.
- аромата: виното секогаш потсетува на некое овошје, чоколада, чад од цигари и слично.
- овошјето: тоа зависи од видовите на грозје кои се употребени
- дабовината: многу вина созреваат или дури ферментираат во дабови буриња
- киселоста: киселоста ја чува свежината на вкусот.
Некогаш виното има лош вкус. Тоа најчесто се случува поради грешка во процесот на производството или ако виното не е чувано како што треба.

ВИНО ЗА ДУША
Виното претставува лек за душата и телото. Релаксирачкото дејство на виното на човечкиот организам и количеството на калциум што го содржи, а што се движи од 50- 140 милиграма во еден литар, како и на магнезиум од 40-120 мг. на литар, дополнето со одредена количина на витамините Б и Ц може да претставуваат многу значаен антистрес фактор. Треба да се нагласи дека единствено со редовно умерено конзумирање на вино може да се задоволат дневните потреби на организмот за овие антистресни фактори. При умереното и правовремено конзумирање на виното се намалува нервната напнатост и возбудувањето, додека раздразливоста и стравот се ублажуваат.
Денес со сигурност се знае дека црвеното вино има значајна улога во спречувањето на артериосклерозата и инфарктот на миокардот. Виното може да го спречи влошувањето на органските и функционалните пречки врзани за работата на срцето и крвотокот. Од 1991 година се говори за т. н. “француски синдром”, во чија основа лежи фактот дека Французите и покрај тоа што конзумираат многу масти од животинско потекло, доживуваат многу помалку инфаркти на миокардот, отколку жителите на САД и на западноевропските земји. Суштината на одговорот се наоѓа во состојките на црвеното вино кои не само што се во состојба да ги разградуваат мастите и да го намалат нивото на холестеролот, туку и го спречуваат затнувањето на артериите. “Виното треба да е свое и старо, а жената туѓа и млада” (стара народна мудрост).

Во еден литар црвено вино има околу 60 мг. салицилна киселина што претставува двојно повеќе отколку дневната доза на аспирин што ја препорачуваат лекарите како превентива за кардиоваскуларните заболувања.