Легенда за виното
Не е познато кога човекот ја испил првата чаша вино, но едно сосема е сигурно, виното отсекогаш се сметало за Божји дар.
Постојат многу легенди за тоа кој и кога го засадил првото семе на овој боженствен пијалок. Една од нив е легендата за персискиот крал Дјем.
Легендата кажува дека споменатиот владетел ја посматрал вежбата на неговите најдобри стрелци, кога неговото внимание му го привлекла една голема птица која се борела за живот, бидејќи околу нејзиниот врат се намотала змија. Кралот им наредил на своите стрелци да ја убијат змијата, што тоа тие и го направиле, а бидејќи биле врвни стрелци, не ја убиле птицата. Благодарна крилестата убавица еден дена долетала до кралот и покрај него спуштила неколку зрна семе, а кралот ги ставил во плодната персиска земја.
Од семето изразнала билка која по некое време почнала да раѓа слатки зрна. Кралот уживал јадејќи ги зрната. Со години лозата давала повеќе грозје, а вишокот кралот го ствал во дрвени садови. Меѓутоа, како после некое време настапило вриење на грозјето, а на кралот на почетокот тој вкус не му се допаднал, наредил на бурињата во кои вриело грозјето да се напише „ОТРОВ“.
Еден ден, неговата најубава девојка од неговиот харем се разболела од тага што кралот ја запоставува и одлучила да се напие „отров“ од бурето и да си ја прекрати болката.
Наместо да умре, таа оздравела, се разубавела, станала како „расцветана ружа“ и тогаш кралот сватил какво семе му дала благодарната птица, па го нарекол Darou-e Shah, што во слободен превод се преведува како кралски лек.
Од тогаш, како што кажува легендата, виното се смета за лековито.
Така „кралскиот напиток“ станал чудотворен лек, но и составен дел од сите церемонии и веселби во Персија, а подоцна и во целиот свет. Покрај тоа што овој посебен пијалок развеселува и лечи, тој ги спојува и луѓето, а за тоа зборува фактот дека коренот на зборот „вино“, велат, потекнува од санскритскиот јазик, односно од зборот „вена“, кој значи „пријателски“.
Сепак, за приказната за виното и благодетите кои ги носи да биде комплетна, треба да се напомене дека сите позитивни ефекти на винот се постигнуваат само при умернео конзумирање. Преголемата количина од „рајскиот пијалок“ преминува во негова спротивност. Наместо да лечи, тоа разболува, наместо да спојува, тоа раздвојува, а уметничката креативност преминува во апатија.
Наздравје.